My Cargobull

My Cargobull

Преку MyCargobull во секое време имате брз пристап до важни информации за вашите возила од Schmitz Cargobull.
MyCargobull gives you fast access to relevant information about your Schmitz Cargobull semi-trailers at all times.

Преглед врз сè

На видео можете да ги погледнете разните функции и делови на MyCargobull

  • Како да добијам одговори на прашањата околу MyCargobull?
    Во MyCargobull се наоѓа полето „Барања за поддршка“, што стои на располагање за сите општи прашања, прашања за документи и промена на сопствеништво. Во ова поле може да ги поставите сите прашања за MyCargobull. Сите одговори на вашите прашања ќе ги најдете во MyCargobull, а дополнително ќе добиете и известување преку е-пошта.
    За употреба на MyCargobull можете да ги погледнете прирачникот за употреба и соодветното видео.
  • Зошто треба да се внесе кориснички број при регистрација на MyCargobull?
    Со корисничкиот број можеме да ви ги назначиме и овозможиме достапните документи за возилото. Исто така, може да биде треба да се провери и корисничкиот статус.
  • Како треба да постапам кога не можам да ги најдам документите за мојата приколка?
    Во полето „Барање за поддршка“ користете го предметот „Барање документи“ и внесете го името на документот, како на пр., сертификат за осигурување на товарот и бројот на шасија.
  • Што точно значат различните статуси во полето за статусни информации?

    - „Креирање нарачка“ значи дека нарачката е влезена во фабрика и е поставена во нашиот ERP-систем.
    - „Тип на производство“ се поставува ако се исполнети сите технички услови за производство на вашето возило и ако возилото е закажано за производство.
    - „Возилото е подготвено за преземање“ е статус што се прикажува ако фабриката потврди дека возилото е завршено. Ако треба да се изведат дополнителни измени кај локалното претставништво на Schmitz Cargobull AG, возилото е подготвено за преземање од локалното претставништво.
    - „Возилото е преземено“ е последниот статус, што се поставува кога возилото е преземено од страна на клиентот, пренесувачот или фирмата-ќерка.

  • Како се прикажуваат користените возила во MyCargobull?
    Ако купувате или продавате користено возило, во делот „Барања за поддршка“ можете да поднесете ново барање со предметот „Промена на сопствеништво“. По потреба приложете соодветни документи за обработка на вашето барање (на пр., доказ за поседување на возилото). Потоа ние ќе се погрижиме да го поставиме вашето возило како доделено или како недоделено.
  • Од кога ќе се прикажат документите за моето возило?
    Документите на вашите возила се достапни во делот „Пребарување документи“ веднаш по испорака на возилото и архивирање на испратените документи. Имајте предвид дека може да поминат до 4 недели по испорака.

+389 (70) 266585

Обратете ни се

За да стапите во контакт со вистинскиот претставник за продажба, испратете ни порака со вашите прашања и ќе започнеме да разговараме!